Home icon Home»ВЕСТИ»ТИКВЕШИЈА»Лап топови за наставниците од ОУ ,,Пере Тошев,, Росоман
Лап топови за наставниците од ОУ ,,Пере Тошев,, Росоман PDF Печати Е-пошта
Вторник, 09 Март 2010 13:36

rosomanПроектот за модернизација и компјутеризација во образованието продолжува и во општина Росоман.На наставниците од ОУ ,,Пере Тошев,, од Росоман денеска им беа доделени лап топови кои ги обезбеди владата на РМ.Зорица Вчкова секретар за образованија во општина Кавадарци и општина Росоман не запозна со самиот проект чија реализација започна во 2005 година.Сите училишта се опремени со компјутери а сега се доопремува и наставниот кадар.Според неа се очекува по извршената обука на наставниците да се зголеми и квалитетот на образовниот процес во училиштата. Градоначалникот на општина Росоман Стојанче Лазов не информираше дека компјутеризацијата во образовниот процес ке одигра голема улога за самата општина бидејки на тој начин ке се зголеми и бројот на квалитетни образувани кадри кои општината ке се потруди да ги задржи.Покрај ова и младите росоманчани  со компјутеризацијата ке се доближат до европското образование а воедно градоначалникот не информираше и за селата од оваа општина  кои се опфатени со проектот за бесплатен интернет што наскоро ке отпочне да се реализира.Директорката на ОУ ,,Пере Тошев,, Анита Љубенова не информираше дека процесот на вмрежување на компјутерите веке е завршен а истите се поставени во три училници.Наскоро ке се отпочне и со обука на наставниот кадар а истовремено не информираше и за останатите обуки кои се спроведуваат а на кои учествуваат росоманските наставници.

Мики   Виденовиќ

 

Време

 

oblacno-dozd_grmoteviciОд утре ќе настапи постепена промена на времето. Ќе преовладува променливо облачно со повремен локален дожд и ретка појава на грмежи, наместа ќе дува умерен северен ветер, особено утре и во среда. Температурата ќе биде во опаѓање, најпрвин во северните, а потоа и во останатите делови на земјава./

ТВ Огласник

oglasnik2

Покриеност

pokrienost

Гроздобер 2009

grozdober2009

ЛОЗАРИ ПРОТЕСТ

protest_lozari