Home icon Home»ВЕСТИ»СПОРТ»Пингпонграките на Градба Промет и кошаркарите на Фени ги декласираа противниците
Пингпонграките на Градба Промет и кошаркарите на Фени ги декласираа противниците PDF Печати Е-пошта
Вторник, 09 Март 2010 13:47

ping_pongВо рамките на 8 коло од првата женска пинг понгарска лига се постигнаа следниве резултати. Студент – Г.Промет 1-5, Гоце Делчев – Кр.Паланка 0-5, Младост – Струмица 5-1 и Пелистер – Влае 0-5.На средбата во Скопје кавадаречките пингпонгарки не дозволија изненадување и очекувано лесно дојдоа до победата.Веке на стартот Ивона Крстева, Елизабета Манчева и Билјана Младенова со убедливи максимални 3-0 ги декласираа своите противнички Иванова, Андовска и Радеска.Следуваше мудар потег од нашиот тренер кој во игра ја уфрли и младата Јована Петрезанова чисто колку да собира искуство на вакви првенствени натпревари.Иако добро се држеше Петрезанова сепак загуби со 3-0 од Андовска.Но во преостанатите два дуела Младенова и Манчева беа немилосрдни кон своите противнички за конечна победа од 5-1.На табелата води Влае со 16 бодови пред Г.Промет кој има 14 а на третото место е К.Паланка со 12 бодови. Следуваат екипите на Пелистер и Младост со по 8 бодови па Студент со 4,Гоце Делчев со 2 и Струмица без бодови.Во следното коло на 13 март во малата сала Јасмин во Кавадарци ке се одигра дерби натпреварот помеѓу Г.Промет и К.Паланка.Во рамките на 7 коло до кошаркарската супер лига викендов се постигнаа следниве резултати. Торус – Вардар ос. 81-85,О.Поле – Пелистер 96-86 и Работнички – фени 56-110.Во натпревар кој некогаш беше вистинско дерби,односно финале на првенството Фени без многу респектирање во салата градски парк во Скопје го прегази Работнички со убедливи 54 коша разлика.Трајковски безмилосно удри по своите довчерашни колеги постигнувајки 33 поени.Да споменеме дека Фени за оваа средба воопшто не ги пријави Лајф,Поповиќ и Кнежевиќ па својата шанса ја искористи бугаринот Цветков кој со 17 поени беше веднаш зад Трајковски.Следното коло на програмата е веке утре а во него силите ке си ги одмерат Вардар Ос. – Пелистер,Торус – Работнички и во салата Јасмин Фени ке го пречека тимот на О.Поле.

Мики   Виденовиќ

 

Време

 

oblacno-dozd_grmoteviciОд утре ќе настапи постепена промена на времето. Ќе преовладува променливо облачно со повремен локален дожд и ретка појава на грмежи, наместа ќе дува умерен северен ветер, особено утре и во среда. Температурата ќе биде во опаѓање, најпрвин во северните, а потоа и во останатите делови на земјава./

ТВ Огласник

oglasnik2

Покриеност

pokrienost

Гроздобер 2009

grozdober2009

ЛОЗАРИ ПРОТЕСТ

protest_lozari