| Зголемен бројот на прекршоци за незапирање на сообраќајна патрола |
|
|
|
| Вторник, 09 Март 2010 17:42 |
|
Најчеста причина за ваквата појава е бидејќи младинците страхувале од казни, бидејќи возат мопеди без да имаат положено за нив или пак во ноќните часови управуваат ПМВ под дејство на алкохол. И покрај тоа што не застанале на сообраќајната контрола сепак полицијата по дополнителни превземени мерки ги откриваат сторителите, и доколку се малолентици платни налози за глоба од 300 евра им се издаваат на нивните родители, а доколку се возрасни лично. “Изненадува масовната појава на децата да им се купуваат мопеди кои чинат и по 1000 евра, а родителите да не сакат да плакаат по 2000 денари за да положат нивните деца за управување на мопед со што ќе немаат потреба од страхување да застанат на знак за запирање.“ беа едногласни од советодавната група. “Со тоа што побегнал од местото на запирање сторителот на прекршокот не направил ништо повеќе од тоа што ќе заработи поголема казна“ рече командирот на оделението за безбедност во патниот сообраќај при ПС Кавадарци, Миле Трајков. Исто така општа беше оценката дека сообраќајната култура во Кавадарци е на многу ниско ниво и дека Родителите треба да посветат поголемо внимание при воспитувањето на своите деца. Покрај претставници од основните и средните училишта на денешниот состанок присуствуваа и претставници од осигурителните компании кои работат во Кавадарци. Пред доаѓањето на пролетниот период кога масовно низ градските улици можат да се видат мопеди кои ги управуваат малолетници родителите треба да запаметат дека многу подобро е да им уплатат на своите деца да положат отколку потоа да плакаат стотици евра за казни поради прекршоци кои ги прават нивните деца. Од осигурителните компании го потенцираа и фактот дека лице кое е неположено, а е учесник во сообраќајна незгода ќе заработи тужба за надомест на штетата која во прво време ќе ја плати осигурителната компанија, а потоа по судски пат парите ќе треба да ги надомести неположеното лице или доколку е малолетно неговите родители. Во 2009 година сообраќајната полиција Кавадарци има евидентирано 373 возачи кои управувале нерегистирани патнички моторни возила, а во првите месеци од 2010 година 44 возачи. За сите сторители на овој прекршок се издадени платни налози за глоба од 500 евра. Оценка на советодавната група беше дека во 99 % од случаите управување нерегистрирани возила е поради немање пари за регистрација, па поради тоа ќе се побара можност за квартално осигурување. Од осигурителните компании потенцираа дека им даваат можност на возачите регистрацијата да ја платат и на рати. Советодавната група упати апел до сите граѓани кои имаат нерегистрирани возила да ги искоритст поволностите за плаќање на рати на регистрацијата како не би дошле во ситуација да платаат глоба која е многу поскапа од регистрирањето. АНГЕЛ ДАНОВ |
Време
![]()
Од утре ќе настапи постепена промена на времето. Ќе преовладува променливо облачно со повремен локален дожд и ретка појава на грмежи, наместа ќе дува умерен северен ветер, особено утре и во среда. Температурата ќе биде во опаѓање, најпрвин во северните, а потоа и во останатите делови на земјава./
ТВ Огласник




Советодавната група на граѓани на општина Кавадарци одржа состанок на кој на дневен ред се најдоа зачестените прекршоци –незастанување на знак од униформиран полициски службеник управувајќи патнички автомобил или мопед од страна на млади лица и управување на нерегистрирани возила како фактор за загрозување на безбедноста во сообраќајот на патиштата. По бројните дискусии и предлози од присутните беа усвоени неколку заклучоци. Од страна на инспекторите за превенција да се врши едукација на учениците од 7 и 8 одделение од основните училишта и на средношколците од 1,2 и 3 година , родителите да ја прифатат одговорноста за постапките на децата и да посветат поголемо внимание на нивното воспитување. Исто така работилници е потребно во наредниот период да се организираат и за родителите. Советодавната група ќе достави предлог до Бирото за развој на образованието за влегување во наставната програма и часови за сообраќај. Се побара и медиумите да се вклучат со дебатни и контактни емисии во информирањето и едукацијата на граѓаните за законските прописи за сообраќај. Исто така се побара превентивна акција за предупредување на возачите кои управуваат нерегистрирани возила да извршат регистрација. За позитивна беше оценета минатогодишната таква превентивна акција, благодарение на која се извршила региастрација на 800 трактори. Исто така од советодавната група ќе биде доставен предлог за квартално регистрирање на возилата, ова посебно е значајно за мотрните возила и земјоделска механизација кои учествуваат во собрааќајот за време на бербата на грозје. На усвојувањето на овие заклучоци следеа конструктивни дискусии. Инспекторот за превенција по сообраќајни работи, Диме Крстев потенцира дека појавата на незастанување на знак за запирање од униформиран п.службеник е во тренд. Најчесто овој прекршопк го правеле малолетници. Минатата година во статитиката на полицијата се забележани 31 ваков прекршок и тоа 20 од сторителите се возрасни лица, а останатите малолетници. За првите месеци од оваа година исто така се бележи овој прекршок и како што информира Крстев бројката е 10 прекршоци. “На знак за запирање од униформиран полициски службеник наместо да се застане, несовесниот возач со поголема брзина се оддалечува со што несвесно се влегува во ризик од сообраќајна незгода со огромни последици.“ подвлече Крстев. 







