Home icon Home»ВЕСТИ»ЕКОНОМИЈА»Дојави и наместени натпревари без гаранција
Дојави и наместени натпревари без гаранција PDF Печати Е-пошта
Среда, 10 Март 2010 12:02

fudbalПоголемите спортски обложувачници предупредуваат дека интернет-страниците на кои се нудат стопроцентни информации за наместени натпревари се измама за граѓаните..Во овој бизнис се' се препишува од странски обложувачници. Тие имаат стручни тимови, го следат обложувањето и ако одлучат дека некој натпревар е сомнителен, го тргнуваат и на тој начин се заштитуваат.Обложување и местење, според нив може да се случи, но тоа повеќе е во таканаречните диви лиги како во Хрватска, Словенија, Полска. Тоа не може да се случи на еден натпревар во Премиер лигата во Англија или во Бундес лигата во Германија ниту, пак, во италијанското Калчо.Меѓутоа страсните обложувачи и добрите познавачи на состојбите во фудбалските првенства ширум светот тврдат дека токму во лигите како што се Италијанските и Германските има најмногу местенки.Од обложувачниците сепак  порачуваат обложувачите да не наседнуваат на ветувања за „сигурни“или наместени натпревари, зашто се работи претежно за измами. На поедини интернет-страници се појавуваат луѓе со убедувања дека имаат 100-проценти сигурни информации, на кои не треба да им се верува од проста причина што 90 отсто се измами. Впрочем, ако во текот на викендот постојат таканаречени дојави за дваесетина натпревари, прашање е дали само пет од нив ќе бидат точни, и тоа сосем случајно. Тоа е класичен криминал, а граѓаните за тоа се слабо информирани. Обложувалниците будно ги следат сите обложувања и ако забележат дека доаѓаат енормни уплати за некој натпревар, тогаш тој станува сомнителен и веднаш се блокира уплатата. На интернет може да се најдат стотици огласи и блогови во кои се нудат информации за наместени натпревари. На нив ке најдете и  коментари од задоволни обложувачи, но и од такви што тврдат дека станува збор за измама. Потенцијалните измамници што работат со наместени натпревари не се плашат во огласите да остават свој телефон, имејл-адреса и други лични податоци.Интернет понудата за лесна заработка на страсните спортски обложувачи за соодветен надомест им дава информации за наводно наместени односно сигурни  фудбалски натпревари. Постапката е следна.Добивате жиро сметка на која вршите уплата во денарска противредност:Ако немате интернет оставате телефон и жиро сметката ја добивате по СМС.Откако ке ја потврдите уплатата го добивате типот за натпреварот без никаква гаранција дека е точен.Токму тука лежи и измамата.Полицијата во овој случај нема некои посебни ингеренции. Неопходно е граѓанинот што бил измамен да пријави во полициска станица, по што полицијата ќе изврши истрага. Ако се утврдат елементи на кривична одговорност, ќе бидат поднесени соодветни пријави до сторителите. Во меѓувреме најдобро е граѓаните да  не наседнуваат на вакви трикови за лесна и брза заработувачка и да бидат особено претпазливи поготову ако вложуваат големи суми на пари .

 

 

Време

 

oblacno-dozd_grmoteviciОд утре ќе настапи постепена промена на времето. Ќе преовладува променливо облачно со повремен локален дожд и ретка појава на грмежи, наместа ќе дува умерен северен ветер, особено утре и во среда. Температурата ќе биде во опаѓање, најпрвин во северните, а потоа и во останатите делови на земјава./

ТВ Огласник

oglasnik2

Покриеност

pokrienost

Гроздобер 2009

grozdober2009

ЛОЗАРИ ПРОТЕСТ

protest_lozari