Home icon Home»ВЕСТИ»ТИКВЕШИЈА»Десетата седница на Советот на општина Росоман во понеделник
Десетата седница на Советот на општина Росоман во понеделник PDF Печати Е-пошта
Сабота, 13 Март 2010 13:16

rosomanВо понеделник советот на општина Росоман ке ја одржи редовната десета седница.Како точки на дневниот ред ке преовладуваат извештаи за работата во изминатиот период како и програми поврзани со Вардарскиот плански регион.Во рамките на првата точка извештајот на комисијата за финансии и буџет,треба да се разгледаат предлог решението за усвојување на последниот квартален извештај за 2009 г. ,како и предлозите за донесување на годишна сметка на општинскиот буџет за 2009 и годишната сметка на ОУ Пере Тошев Росоман за 2009.Втора точка предвидено е да биде извештајот на комисијата за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина. Во рамките на истата ке бидат разгледани предлог одлуките за измени и дополнување на ГУП на Росоман како и давање во закуп на недвижни ствари во општинска сопственост .Како трета точка ке биде извештајот на комисијата за верификација,мандатни прашања, избори и именувања.Во рамките на истиот ке се разреши и именува член на одборот за контрола на материјално финансово работење на ЈКП Росоман а ке се формира и Совет за заштита на потрошувачите. Четврта точка е извештајот на комисијата за локален економски развој каде советниците ке треба да го усвојат извештајот за работа на центарот за развој на Вардарскиот плански регион за 2009 а ке треба да ја усвојат Програмата за развој на Вардарскиот плански регион.Извештајот на комисијата за здравство,социјална заштита на децата и јавна безбедност е петта точка.По овој извештај ке треба да се усвои информацијата за јавната безбедност во сообраќајот на патиштата,потоа и извештајот за работата на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Кавадарци а ке се донесе и заклучок по иницијативата за ангажирање на дефектолог во ОУ Пере Тошев.Последна точка од дневниот ред треба да бидат советничките прашања

Мики   Виденовиќ

 

Време

 

oblacno-dozd_grmoteviciОд утре ќе настапи постепена промена на времето. Ќе преовладува променливо облачно со повремен локален дожд и ретка појава на грмежи, наместа ќе дува умерен северен ветер, особено утре и во среда. Температурата ќе биде во опаѓање, најпрвин во северните, а потоа и во останатите делови на земјава./

ТВ Огласник

oglasnik2

Покриеност

pokrienost

Гроздобер 2009

grozdober2009

ЛОЗАРИ ПРОТЕСТ

protest_lozari