Home icon Home»ВЕСТИ»ЗЕМЈОДЕЛИЕ»71 милион денари за органско земјоделство
71 милион денари за органско земјоделство PDF Печати Е-пошта
Сабота, 13 Март 2010 13:33

zemjiodelieОрганското земјоделство годинава ќе се субвенционира со вкупно 71 милион денари. За сертифицираното примарно производство следуваат плус 30 отсто од вообичаено проектираната поддршка. За хектар површина наменета за зелено ѓубрење или угар во плодоред, субвенцијата е 3.500 денари за хектар. Финансиска поддршка за органско овчарство и козарство изнесува дополнителни 800 денари за грло овца и 700 денари за грло коза од основните субвенции за оваа категорија.

Земјоделците со право на поддршка за преработка на органски производи и органски производи во преод од домашно потекло, доработка и пакување на самоникнати видови со органско потекло, ќе добијат по два отсто од вредноста на продадените производи со максимален износ од 150.000 денари по оператор. Толкав е и максималниот износ на субвенцијата за продажба на органски производи и на органски производи во преод од домашно потекло.
Министерството за земјоделсво ќе покрива до 50 проценти од трошоците за сертификат што го издава овластено тело. За лабораториски анализи на почва, вода и органски производи субвенцијата е 50 отсто од вредноста, но не повеќе 9.000 денари по корисник.

 

Време

 

oblacno-dozd_grmoteviciОд утре ќе настапи постепена промена на времето. Ќе преовладува променливо облачно со повремен локален дожд и ретка појава на грмежи, наместа ќе дува умерен северен ветер, особено утре и во среда. Температурата ќе биде во опаѓање, најпрвин во северните, а потоа и во останатите делови на земјава./

ТВ Огласник

oglasnik2

Покриеност

pokrienost

Гроздобер 2009

grozdober2009

ЛОЗАРИ ПРОТЕСТ

protest_lozari