|
Почна навалицата за стари возила, ама излезе дека власта не е подготвена да го реализира увозот, обвинуваат увозниците. Според некои нивни сознанија, процедурата за влез на половните возила на пазарот во земјава ќе започне дури за десетина дена. Се поставува прашањето зошто тогаш толку се брзаше да се донесат законските измени кога не може веднаш да стартува увозот на стари автомобили?Измените на Законот за акцизи се објавени уште завчера во „Службен весник“ што значи дека веќе се во сила. Собранието ги донесе и измените на Законот за царинска тарифа и тие ќе стапат во сила веднаш по нивното објавување во „Службен весник“. Со овие измени се изедначуваат царинските давачки за новите и употребуваните автомобили. Царината се намалува од два на еден отсто за возилата од ЕУ и од 10 на 5 отсто за возилата увезени надвор од еврозоната.Увозниците на половни возила велат дека иако едвај чекале да почне целата процедура, бидејќи плаќаат со недели лежарина во складиштата, сепак се' уште чекаат.Има многу неправилности и се' уште не е почната постапката за влез на возилата кои чекаат со недели во складиштата. Дури сега исплива на виделина дека Царината има каталог, според кој се утврдува цената на возилото, но само до 1998 година. Од друга страна власта објави дека ке може да се увезуваат и автомобили постари од 16 години. Сега излегува дека не може. Од Царина објаснуваат дека наводно ќе ги проценувале возилата паушално, односно давачките ќе треба да се платат на 10 отсто од ценета по која се купени пред повеќе од 15 години. Ако возилото тогаш чинело 15.000 евра, сега ќе го проценат на 1.500 евра, а истото е купено 800 евра.Увозниците се убедени дека сопствениците на возилата со бугарски таблички нема да имаат интерес да ги регистрираат во земјава токму поради овие нејаснотии. Сепак,се потврдува дека интерес има од страна на граѓаните за половни автомобили. „Голфовите“ се први на листата, а потоа доаѓаат и другите возила од средната класа, како што се „поло“, „корса“, „пежо 107“, „пунто“, но има интерес и за поскапите возила од типот на „мерцедес“ и БМВ. Увозниците најчесто ги купуваат старите возила од Словенија, Германија и од Италија. Со измените на Законот за акцизи за автомобилите до 3.000 евра нема да се наплатува акциза. За тие со вредност од 3.000 до 4.000 евра акцизата е 0,5 отсто, од 4.000 до 5.000 евра 1 отсто, од 6.000 до 8.500 евра е 2 отсто, до 12.000 евра ќе изнесува 3 отсто, до 14.000 е 4 проценти, до 16.000 акцизата е 6 отсто, до 18.000 е 9 отсто, до 22.000 е 11,5 проценти, до 25.000 е 13,5 отсто, до 30.000 е 15,5 проценти и за оние што чинат над 30.000 евра акцизата е 18 отсто. На оваа давачка доаѓа и царината со 1 или 5 отсто, во зависност од каде е увезено возилото. Па потоа ДДВ од 18 отсто, а има и уште неколку придружни давачки, во кои влегува и транспортот на возилото, хомологацијата, дозволата за ТУВ, еколошка такса, гранична царина, лежарина, трошоци за шпедиција, и на крај, се разбира, регистрацијата. Сиве овие трошоци влегуваат во крајната цена на возилото.
|