Home icon Home»ВЕСТИ»КУЛТУРА»Кавадарци од Скопје денес ја покани македонската културна јавност да дојде и ужива во културата што ќе ја понуди во рамките на манифестацијата ,,Град на културата,,
Кавадарци од Скопје денес ја покани македонската културна јавност да дојде и ужива во културата што ќе ја понуди во рамките на манифестацијата ,,Град на културата,, PDF Печати Е-пошта
Среда, 07 Април 2010 15:19

opstinska_zgradaДенес во Скопје официјално беше прогласена за отворена манифестацијата Кавадарци град на културата. Преку скромна културно уметничка програма организаторот, градоначалникот и советот на Кавадарци ја поканија културната публика од Македонија да ужива во културните настани кои до крајот на годината ќе се случуваат во градот центар на културата за 2010. Од колкаво значење за Кавадарци е оваа манифестација и дали во градот е присутна културата пред новинарите говореше градоначалникот Александар Панов.

За дел од настаните кои во рамките на манифестацијата ќе се случуваат до крајот на 2010 и за настаните со кои во петок на 9 ти манифестацијата официјално ќе биде отворена и во Кавадарци информираше директорот на домот на културата Владимир Темков.

На прес конференцијата денес присутните имаа и можност да дегустираат од најпознатите кавадаречки вина, жолтата ракија и вкусните специјалитети подготвени од вештите жени во Кавадарци. Презентиран беше и пропаганден материјал, а публиката уживаше и во скромна културно уметничка програма. Поканата остана отворена, Кавадарци вети дека во петок ќе се покаже како вистински домаќин,а манифестацијата град на културата ќе доживее спектакуларен почеток.

Милица Мелова

 

Време

 

oblacno-dozd_grmoteviciОд утре ќе настапи постепена промена на времето. Ќе преовладува променливо облачно со повремен локален дожд и ретка појава на грмежи, наместа ќе дува умерен северен ветер, особено утре и во среда. Температурата ќе биде во опаѓање, најпрвин во северните, а потоа и во останатите делови на земјава./

ТВ Огласник

oglasnik2

Покриеност

pokrienost

Гроздобер 2009

grozdober2009

ЛОЗАРИ ПРОТЕСТ

protest_lozari