Home icon Home»ВЕСТИ»ТИКВЕШИЈА»67 години од стрелањето на ваташките младинци од бугарските фашисти
67 години од стрелањето на ваташките младинци од бугарските фашисти PDF Печати Е-пошта
Среда, 16 Јуни 2010 15:58

12_vataski_mladinci_spomenikДенес се навршуваат 67 години од масакрот кој бугарскиот фашистички окупатор го изврши над 12 ваташки младинци. По тој повод денес на споменикот кој во 1961 година е изграден во чест на младите ваташани чии животи се положени во темелите на денешната слобода свежо цвеќе положија членови на семејствата на загинатите, делегација од локална самоуправа, здружението на борците, политички партии и претставници на училиштето во Ваташа.

За ваташкото клање во 43 говореше генералот во пензија “Тодор Атанасовски кој упати апел до историчарите поодговорно и по аналитички да се осврнат на овој настан, бидејќи како што потенцира историтските ситуации не се едновалентни.“Имаме партизирана држава која не е способна да си ја прифати својата историја. Таа историја е и на Македонците, Албанците, Турците, Ромите  и Србите кои живеат во Македонија. Никој не смее да прави партиска прчија од НОВ. Никој да не ве плаши дека некој сакал да ни ја земе националната посебност. Го лажат и го плашта народот, а тој стравува да не ја изгуби националната посебност и својата држава. Никој да не ве манипулира. Најголемата опасност ни е дома. Никој од денешните политичари не знае какви маки претрпе овој народ во НОВ“

Во културно уметничката програма настап имаа ученици од ООУ Димката Ангелов Габерот Ваташа  и од СОЗШУ Ѓорче Петров. За стрелањето на ваташките деца, историски факти и податоци беа содржани во рефератот што го пренесе пред присутните Сања Крстиќ од локална самоуправа.

Споменикот со спомен костурницата на 12 сте ваташки СКОЈ-евци е подигнат  на 2 километри јужно од селото Ваташа во месноста Чаирот во Моклиште. Автор на спомен костурницата е Јордан Грабуловски, академски вајар  од Прилеп, а свечено е откриена на 11 октомври 1961 година. Во спомен костурницата се погребани посмртните останки од масакрот на 12 сте ваташки деца. Историските податоци  за гнасниот чин што бугарскиот фашистички окупатор го извршил во Ваташа говорат дека во Ваташа кобниот 16 јуни се приведени и сослушувани 17 младинци од селото меѓу кои и 4 девојки, сестри на младинците. По сослушувањето и малтретирањето , со цел да ги кажат партизаните и илегалците , откако ништо не откриле младинците во строј и со воени команди биле  однесени до Чаирот .

Машките биле построени пред бугарските фашистички војници , а девојките позади убијците за да сведочат за масакрот.Потоа момчињата биле стрелани па масакрирани.

Иако во повеќе наврати споменикот беше цел на вандалско однесување сепак написите и имињата на страланите се повторно поставени на споменикот. На јужниот ѕид , на јужната страна на споменикот пишува: “Смртта стана немоќна пред нашата младост исправена пред очите наши загледани, уште тоа утро во иднината„ .  AНГЕЛ ДАНОВ

 

Време

 

oblacno-dozd_grmoteviciОд утре ќе настапи постепена промена на времето. Ќе преовладува променливо облачно со повремен локален дожд и ретка појава на грмежи, наместа ќе дува умерен северен ветер, особено утре и во среда. Температурата ќе биде во опаѓање, најпрвин во северните, а потоа и во останатите делови на земјава./

ТВ Огласник

oglasnik2

Покриеност

pokrienost

Гроздобер 2009

grozdober2009

ЛОЗАРИ ПРОТЕСТ

protest_lozari