| Се враќа меморијалниот турнир “Вуко Каров“ |
|
|
|
| Петок, 08 Јануари 2010 15:56 |
|
MИКИ ВИДЕНОВИЌ |
Време
![]()
Од утре ќе настапи постепена промена на времето. Ќе преовладува променливо облачно со повремен локален дожд и ретка појава на грмежи, наместа ќе дува умерен северен ветер, особено утре и во среда. Температурата ќе биде во опаѓање, најпрвин во северните, а потоа и во останатите делови на земјава./
ТВ Огласник




Традиционалниот меморијален фудбалски турнир Вуко Каров некогаш беше вистински мелем и последен филтер за многу екипи пред стартот на пролетниот дел.Турнирот отсекогаш беше мошне квалитетен и на него учество земаа најквалитетните екипи од домашното првенство но и екипи од странство особено од непосредното соседство.Токму затоа турнирот секогаш нудеше висок квалитет на натпревари како загревање за пролетниот дел од сезоната.Економската криза која го зафати ФК Тиквеш придонесе турнирот да згасне веднаш откако се одржа 10-тото јубилејно издание во 2002 год.Во тоа време згаснувањето на турнирот се поклопи со фактот што Тиквеш го загуби прволигашкиот статус.Во 2005 година се направи еден мал обид за реактивација на турнирот.Тогаш Тиквеш,Вардар и Кожуф одиграа по италијански систем по едно полувреме но тоа не му ја врати славата на турнирот. Од оваа сезона фудбалот во Кавадарци повторно заживеа а речиси целиот град заедно со комплетната бизнис елита застана зад новоформираниот ГФК Тиквеш.Амбициите се големи односно се брка пласман во второлигашкото друштво.Ваквата атмосфера придонесе да заживее идеата за враќање на традицијата односно за организирање на 12 издание на меморијалот Вуко Каров.Раководството на клубот во соработка со ЛС и СС на град Кавадарци одлучија турнирот да се одржи на 20 и 21 февруари временски термин кој датира од самото постоење на турнирот.Според најавите засега на турнирот се очекува да учествуваат покрај домаќинот ГФК Тиквеш и есенскиот шампион во првата лига Ренова како и прилепска Победа иако и екипата на Пелистер пројави интерес да учествува.Организаторите прават напори на турнирот да му го обезбедат и префиксот меѓународен па затоа се во преговори со неколку екипи од соседството.Како опции се спомнуваат екипите на Пирин од соседна Бугарија и Телеоптик од Белград.Белграѓани и порано учествуваа или поконкретно беа дел од турнирот во 2002 а важат за екипа која е филијала на големиот Партизан.Би требало да се игра по куп систем со натпревари за 1 и 3 место.







