Home icon Home»ВЕСТИ»ЗЕМЈОДЕЛИЕ»Последно предупредување од лозарите до визбите
Последно предупредување од лозарите до визбите PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 11 Јануари 2010 16:25

lozari1Лозарите го упатија последното предупредување до визбите, владата, ресорното министерство и градоначалниците од Тиквешкиот регион. Ако не ги добијат парите за грозјето до крајот на јануари, започнуваат со “присилна“ наплата. Ќе организираат штрајкови и блокада на патиштата.

“Јавно апелираме до винарските визби и трговските фирми кои откупуваа грозје од реколтата 2009, да престанат да си играат со животот на лозарите и достоинството на нивните семејства и веднаш да започнат со исплата на долгот кој го имаат кон производителите на винско грозје. Ги предупредуваме визбите, ако итно не ја извршат исплатата ќе се судрат со гневот на лозарите од што можат да произлезат несакани, неконтролирани и тешки последици“ – е наведено во апелот што регионалното здружение на лозарите Агротиквешија го упати до визбите, владата и градоначалниците од тиквешките општини.

Агротиквешија ги повикува производителите кои го предале грозјето во визбите секојдневно да ги контактираат,со цел да поттикнат исплата. Се бара од градоначалниците од тиквешкиот регион активно да се вклучат во пронаоѓањето решенија за исплата на винското грозје, да ја искординираат соработката на визбите со МЗШВ и Владата за да се дојде до квалитетни решенија, да се активира финансовата инспекција-полиција за контрола и санкции против откупувачите на грозје.

Агротиквешија како начин за наплата на долгот на лозарите го гледа и колективното поднесување на тужби. Препорачува производителите на грозје да се групираат,  по пет производители во група и преку суд да си ги бараат парите.

Сиромаштија ја зафаќа Тиквешијата. Неисплатеното грозје и рецесијата ги запреа економските текови во Тиквешко.

АНГЕЛ ДАНОВ

 

Време

 

oblacno-dozd_grmoteviciОд утре ќе настапи постепена промена на времето. Ќе преовладува променливо облачно со повремен локален дожд и ретка појава на грмежи, наместа ќе дува умерен северен ветер, особено утре и во среда. Температурата ќе биде во опаѓање, најпрвин во северните, а потоа и во останатите делови на земјава./

ТВ Огласник

oglasnik2

Покриеност

pokrienost

Гроздобер 2009

grozdober2009

ЛОЗАРИ ПРОТЕСТ

protest_lozari