Home icon Home»ВЕСТИ»КУЛТУРА»Годишен концерт на фолклорен ансамбл “Тиквеш“
Годишен концерт на фолклорен ансамбл “Тиквеш“ PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 18 Јануари 2010 15:04

folkloren-ansambl-Tikves3Со годишниот концерт реализиран викендот, во домот на културата Иван Мазов Климе , во чии рамки и функционира, фолклорниот ансабал Тиквеш ги заокружи активностите за 2009 и одбележа успешен почеток на планот по кој ќе се работи во 2010 година.  На сцената при домот на културата сите активни поставки на ансамблот имавме можност да ги проследиме во придружба со народниот оркестар. Малата , средната и големата група на ансаблот покрај добро познатиот репертоар понудија и неколку нови кореографии кој публиката не ја оставија рамнодушна. Преку првиот концерт пред својата публика, кавадаречките играорци само ги најавија своите настапи во земјава и учеството на неколку интернационални фестивали во странство од каде веќе се пристигнати поканите. Со право фолклорниот ансамбал Тиквеш од Кавадарци го носи епитетот најголем клултурен амбасадор на градот, бидејќи и годинава на годишниот концерт покажа дека ја продолжува блескавата историја на нашите играорци кои со децении наназад настапуваат на фестивалите во Србија, Бугарија, Турција, Црна Гора и други земји, достојно презентирајќи го богатството на фолклорот од Тиквешијата, Повардарието , Беломорјето и Македонија.Со насмеани лица и голема енергија ансамблот Тиквеш годишниот концерт го реализираше преку час и половина ора и песни. Во неколку изданија имавме можност да ги погледнеме активните поставки почнувајќи од најмладите па се до највозрасната група, која Кавадарци достојно го презентира и надвор од Македонија. За публиката која кино салата ја исполни до последното место, фолклорниот ансамбал го понуди и своето изненадување, групата гранде и пријателите, која во чест на својот колега отсвири неколку изворни македонски песни, карактеристични за Тиквешкиот регион. Завршниот концерт годинава, фолклорниот ансамбал Тиквеш наменски го реализираше во јануари. Со истиот овој пат беше прославен триесетгодишниот љубилеј на двајцата кореографи, но се најавија и настаните кој со наградата град на културата Кавадарци ќе има привилегија да ги следи годинава. МИЛИЦА МЕЛОВА

 

Време

 

oblacno-dozd_grmoteviciОд утре ќе настапи постепена промена на времето. Ќе преовладува променливо облачно со повремен локален дожд и ретка појава на грмежи, наместа ќе дува умерен северен ветер, особено утре и во среда. Температурата ќе биде во опаѓање, најпрвин во северните, а потоа и во останатите делови на земјава./

ТВ Огласник

oglasnik2

Покриеност

pokrienost

Гроздобер 2009

grozdober2009

ЛОЗАРИ ПРОТЕСТ

protest_lozari