| Министерот Јанакиевски на средба со градоначалникот Панов |
|
|
|
| Вторник, 19 Јануари 2010 16:21 |
|
Министерот Јанакиевски во екслузивната изјава за КТВ вели дека државата на општина Кавадарци ќе и додели 1,3 милиони евра за изградба на систем за вода. Во рамките на денешната посета на Кавадарци, министерот Јанакиевски имаше можност да ги погледне и убавините на еден од најстарите манастири во Тиквешијата, Свети Никола во Моклиште. АНГЕЛ ДАНОВ |
Време
![]()
Од утре ќе настапи постепена промена на времето. Ќе преовладува променливо облачно со повремен локален дожд и ретка појава на грмежи, наместа ќе дува умерен северен ветер, особено утре и во среда. Температурата ќе биде во опаѓање, најпрвин во северните, а потоа и во останатите делови на земјава./
ТВ Огласник




Градоначалникот на општина Кавадарци Александар Панов денес оствари работна средба со министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски. Панов го запозна гостинот со тековните активности во локална самоуправа. На средбата беше речено дека изградбата на кејот на реката Луда мара ќе финишира до 14 февруари, празникот на лозарите кога ќе биде и свеченото пуштање. Покана за манифестацијата Свети трифун доби и министерот Јанакиевски. Панов го информираше министрот за реализацијата на капиталните проекти, изградба на водовод од кој ќе се добиваат дополнителни 200 л/сек за Кавадарци, изградбата на 4 мини централи, вода за наводнување на тиквешкото поле од стариот систем Бошавица, како и со постапката за изградба на зелен пазар.







