| Винарите преку кластерско стружување до странските пазари |
|
|
|
| Петок, 05 Февруари 2010 16:31 |
|
Заменик министерот за економија Метидиј Хаџи Васков потенцира дека винската индустрија и македонското вино имаат апсолутна подршка од државата. Хаци Васков меѓу другото рече и дека е потребно подигнување на конкурентноста и пласманот на македонското вино преку кластерско здружување по принципот на вински патишта и подршка на тој процес од институциите и донаторите.
На формумот присутвуваа градоначалниците на општините од тиквешкиот регион, но и претставници на винарските визби од регионот. Евро амбасадорот Ерван Фуере упати пофални зборови за македонското вино, но порача дека земјава треба уште многу да работи на негова промоција. Тој рече дека Македонија има туристички потенцијали што може да им ги понуди на странците, а паралелно со тоа да се јакнат и винските патишта и промоцијата на македонското вино. AНГЕЛ ДАНОВ |
Време
![]()
Од утре ќе настапи постепена промена на времето. Ќе преовладува променливо облачно со повремен локален дожд и ретка појава на грмежи, наместа ќе дува умерен северен ветер, особено утре и во среда. Температурата ќе биде во опаѓање, најпрвин во северните, а потоа и во останатите делови на земјава./
ТВ Огласник




Форум на тема “Кластерското здружување и странската помош во насока на зголемување на конкурентноста и пласманот на македонското вино“ се одржа денес во Неготино во организација на Министерстово за економија и фондацијата Тиквешки вински пат. На форумот беа разработени неколку теми, а за подршката на ЕУ на македонската економија говореа специјалниот претсатвник на Европската Унија Ерван Фуере и амбасадорот на кралството Холандија Герт Кампан. Стана збор за маркетингот и продажбата на македонското вино, но и за важноста на туризмот во промоцијата на виното и земјоделските производи преку вински патишта како единствена форма на кластерско поврзување. 







