Home icon Home»ВЕСТИ»СПОРТ»Можно е зголемување на екипите учесници на ЕП и СП
Можно е зголемување на екипите учесници на ЕП и СП PDF Печати Е-пошта
Сабота, 06 Февруари 2010 12:18

kosarkaГенералниот секретар на МКФ, Дејан Лекиќ, и директорот на нашите национални тимови, Илија Мерџановски, од вчера се во Минхен.Во седиштето на европската кошаркарска федерација тие ќе бидат дел од традиционалниот годишен собир на генералните секретари на европските федерации.Нашата делегација "влегува" на овој собир како една од повеќето кои на "дневен ред" ќе го изнесат прашањето за промени во системот на квалификации за големите кошаркарски натпреварувања, вклучително и Олимписките игри.Извесно е дека на дневен ред на овој состанок ќе биде отворено прашањето за промена на системот за натпреварување во квалификациите за Европското првенство, согласно со тоа и начинот на пополнување на местата кои ги има Европа на Светските првенства, секако и на Олимпискиот турнир. Според некои првични проценки, најголем дел од европските федерации ќе се вклучат во предлогот кој предвидува проширување на бројот на учесниците, како на Евробаскетот така и на Мундијалите.Токму Македонија е една од оние неколку селекции од Стариот континент кои се на некоја граница за "влез" на едно Светско првенство, секако во случај место досегашните 24 да се натпреваруваат 32 репрезентации од целиот свет.Една од варијантите е и да се играат квалификации и за Светските првенства, односно индиректно да се овозможи, да им се даде шанса и на оние европски репрезентации кои имаат подобар квалитет од 'неевропските' кои имаат далеку полесен начин да стигнат до едно СП или, пак, на Олимписките игри. Можно е да има предлог да се играат и некои дополнителни квалификации за Олимпијадата, без оглед на тоа што се судираат со оние временски термини, како сето тоа би се вклопило во еден нормален, и пред се 'издржлив' календар.Впрочем, недостиг на време поради оние клупски обврски, и досега носеше најголеми проблеми во одредување на системот за натпреварување и пополнување на местата, не само за ЕП туку и за оние на светско ниво.Јасно е дека сето ова се само предлози кои доколку и бидат официјализирани, ќе бидат доставени до натпреварувачката , односно Техничката комисија на европскиот дел од ФИБА, кој треба да одлучи дали има простор за една вакви би се нарекле "револуционерни" промени.

 

Време

 

oblacno-dozd_grmoteviciОд утре ќе настапи постепена промена на времето. Ќе преовладува променливо облачно со повремен локален дожд и ретка појава на грмежи, наместа ќе дува умерен северен ветер, особено утре и во среда. Температурата ќе биде во опаѓање, најпрвин во северните, а потоа и во останатите делови на земјава./

ТВ Огласник

oglasnik2

Покриеност

pokrienost

Гроздобер 2009

grozdober2009

ЛОЗАРИ ПРОТЕСТ

protest_lozari