Home icon Home»ВЕСТИ»ТИКВЕШИЈА»Три години работа одбележа “Креактив“
Три години работа одбележа “Креактив“ PDF Печати Е-пошта
Сабота, 06 Февруари 2010 12:39
kreaktiv1Со роденденска торта, синоќа тригодишното постоење го прослави невладината организација Креактив. Оваа невладина организација исклучиво наменета за млади за прв пат во Македонија се појавува во Скопје точно пред три години, каде го формира своето прво седиште, а во нејзините благодети младите од Кавадарци уживаат од септември минатата година. За активностите и проектите наменети за младите, како и за досегашните резултати и планот за во иднина пред нашата камера зборуваше волонтерот од Франција.
Со своето присуство роденденската прослава на Креактив ја збогати и градоначлникот Александар Панов заедно со претседателот на советот Илија Трен’чев. Присутните ги поздрави претседателот на Креактив, Драган Атанасов, а подршка им вети градоначалникот Панов.
Желбата со кавадаречкиот градоначалник да ја отпеат македонската химна им се исполни на волонтерите од Америка, Франција и Холандија, а се пееше и хепи брдеј за потоа да се посакаат желби за здравје и успешна работа , по што следуваше целосно опуштање кон слаткото задоволство роденденската торта. Милица Мелова
 

Време

 

oblacno-dozd_grmoteviciОд утре ќе настапи постепена промена на времето. Ќе преовладува променливо облачно со повремен локален дожд и ретка појава на грмежи, наместа ќе дува умерен северен ветер, особено утре и во среда. Температурата ќе биде во опаѓање, најпрвин во северните, а потоа и во останатите делови на земјава./

ТВ Огласник

oglasnik2

Покриеност

pokrienost

Гроздобер 2009

grozdober2009

ЛОЗАРИ ПРОТЕСТ

protest_lozari