| Пензионерите заминаа на бања |
|
|
|
| Сабота, 06 Февруари 2010 12:50 |
|
|
Време
![]()
Од утре ќе настапи постепена промена на времето. Ќе преовладува променливо облачно со повремен локален дожд и ретка појава на грмежи, наместа ќе дува умерен северен ветер, особено утре и во среда. Температурата ќе биде во опаѓање, најпрвин во северните, а потоа и во останатите делови на земјава./
ТВ Огласник




Денес почнува програмата за бањско-климатска рекреација, што Владата ја намени за пензионерите од земјава.По тој повод денес Министерот Бајрами ќе ги посети Дебарски Бањи крај Дебар, заменик министерот Ристовски Катлановска Бања во околината на Скопје,а Државниот секретар Тодоровски, пак, ќе ги посети Негорски Бањи близу Гевгелија и Бања Банско во струмичко. Првата група од околу 500 пензионери, од вкупно планираните 10.000 за годинава, денеска заминуваат на бањско лекување во четирите бањи во земјава. Согласно договорите што во понеделникот ги потпишал министерот Бајрами со сопствениците на четирите бањи во земјава, пензионерите бесплатно ќе ги користат бањските услуги. За време на бањското лекување тие ќе имаат три платени оброци и обезбедена редовна медицинска нега.И претставниците на бањите се задоволни од потегот на Владата бидејќи сметаат дека на таков начин и тие ќе можат да ја развиваат оваа дејност и да нудат подобри услови за бањско лекување. Одлуката државата да обезбеди средства за бањско лекување на 10 илјади пензионери Владата ја донесе кон крајот на минатата година, а целиот проект се проценува дека ќе чини 90 милиони денари. Според пропишаните критериумите кои треба да се исполнат за да може да се користи бесплатно бањско лекување, предност имаат пензионерите со помали пензии.Информациите велат дека и во Кавадарци кај пензионерите голем е интересот за користење на бањите. И кавадаречките пензионери се надеваат дека ваквиот благодет за нив, од владата ќе потрае и ќе можат сите да ја почувствуваат рекреацијата која ја нудат Македонските бањи.







