| Планирана изградба на неколку локални патишта |
|
|
|
| Сабота, 06 Февруари 2010 12:55 |
|
Програмата опфаќа изградба на локален пат за село Брушани за што се планирани 2,5 милиони денари, еден милион денари се предвидени за асвалтирање на ул. Страшо Пинџур, за змиско одржување еден милион денари , 2,5 милиони денари за крпење на ударни дупки на улици и локални патишта и изградба на улици во градот еден милион денари. Средстватра за изградба на улции во градот се сопдржани во програмата за комунална изградбва за 2010 година. Како што е наведено во програмата, општината ќе аплицира пред Министерството за транспорт и врски – Агенцијата за државни патишта преку програмата за рехабилитација и реконструкција на регионалната и локалната патна мрежа соп следните проекти , реконструкција на патот Ресава-Бегниште и реконструкција на патот Ладно Долче-Страгово Крњево. Реализирањето на аплицираните проекти ќе зависи од одобрените средства од Агенцијата за државни патишта и Светска Банка. Ангел Данов |
Време
![]()
Од утре ќе настапи постепена промена на времето. Ќе преовладува променливо облачно со повремен локален дожд и ретка појава на грмежи, наместа ќе дува умерен северен ветер, особено утре и во среда. Температурата ќе биде во опаѓање, најпрвин во северните, а потоа и во останатите делови на земјава./
ТВ Огласник




Со програмата за изградба, реконструкција и одржување на локалните патишта во општина Кавадарци за 2010 година опфатена е изградбата на локалниот пат за село Брушани и Тиквешко езеро што претставува развој на езерскиот туризам, рибарството и услови за обезбедување на нови вработувања.







