| Реприза од минатогодишното финале во плеј офот |
|
|
|
| Понеделник, 08 Февруари 2010 17:10 |
Реприза од минатогодишното финале во плеј офот.Вицешампионот го пречека шампионот во Кавадарци.Со ваква најава очекувате неизвесен, дерби и пред се неизвесен натпревар.Меѓутоа кавадарчани во салата Јасмин видоа само игра на мачка и глушец.Фени моќен,силен, доминантен додека Работнички неможеше да ја најде ниту буквата Ш од она шампион.Со еден потпросечен состав кој не доликува за екипа од реномето на брендот Работнички тренерот Гацов не можеше да стори ништо повеке.Згора на тоа не можеше да смета и на повредениот Јанев па победникот се знаеше и пред почетокот на средбата.Фени поведе на почетокот на натпреварот со 10:0 а Работнички првите поени ги постигна во 4 минута.Единственото нешто што гостите го направија на ова средба беше серијата од 7:0 во 5 минута за намалување на 10:7.И тука започна потопот на Работнички.Фени врати со идентична серија од 7:0 за на крајот од четвртината да води со 26:18. Во овој период Хаџибулиќ постигна 12 поени од 18 за Работнички потврдувајки ги очекувањата дека со Димитровски ке бидат носители на играта на својот тим.Во втората четвртина вистинска фурија во салата Јасмин.Со серија од 15:2 веке во 13 мин. Фени водеше со 41:20. Следуваше нова серија од 8:2 во 15 минута за водство од 49:22 за да противникот се дотолчи со серија од 10:2 и водство од 59:24 во 19 мин. На полувреме убедливи 59:30 за Фени.Бидејки Рајковиќ играше со многу ротации во тимот нападот на Фени делуваше во бранови.Прво Лајф ја почна серијата со своите 11 поени,продолжи Кнежевиќ со своја серија од 8 поени а заврши Јововиќ со серија од 7 поени.Наместо да го дотолчи и понизи противникот Фени заигра на картата фер-плеј и во вториот дел одигра чисто рутински со одржување на стекнатата предност.Тренерот Рајковиќ со честите ротации ги одмараше клучните кошаркари, но остатокот од средбата го искористи за воигрување и пробување на акции со оние кошаркари кои беа на теренот.За публиката второто полувреме досадно бидејки премногу се грешеше на двете страни,се играше без некоја посебна сериозност во одбраната но пред се се внимаваше да не се здобијат кошаркарите со некои несакани повреди во пресрет на дуелите од БИБЛ лигата.Ваквиот развој на настаните на теренот и ротациите во тимот ја искористија кошаркарите кои речиси и не влегуваат во игра или добиваат мала минутажа.Па така Неделков на паркетот помина 7 минути Манев 10 а Брчков одигра цели 27 минути.На сите во салата им беше јасно дека Фени не игра ниту со третина од своите можности и сериозност бидејки во спротивно актуелниот шампион ке доживееше вистинска катастрофа.Од друга страна Работнички го искористи тоа за да според резултатите во третата и четвртата четвртина прикаже каква таква рамноправност.Но статистиката вели нешто сосема друго и ја покажува доминацијата на домакинот а немоќта на противникот.Петмина кај Фени средбата ја завршија со двоцифрен број поени.Лајф 22,Кнежевиќ и Трајковски по 14,Јововиќ 12 и Брчков 10 а сите 12 во составот на Фени се запишаа во листата на стрелците.Кај Работнички само Хаџибулиќ со 24 и Димитровски со 16 средбата ја завршија со двоцифрен број на поени. Ако се изземат првите петорки тогаш оние од резервната клупа на Фени постигнаа трипати повеке кошеви од резервистите на Работнички. Фени 63 Работнички 21.Работнички играше без класичен центар поради повредата на Јанев но кај Фени паузираше Михајловски па така во тој сегмент може да се каже дека екипите се израмнети.Но затоа Фени под обрачите собра речиси дупло повеке топки 41 од противникот 21.Сума сумарум лесен тренинг за Фени во пресрет на средбата со Стеауа во среда,додека многу работа за тренерот на Работнички Гацов во пресрет на следното БИБЛ патешествиеКако последна информација ни пристигна веста дека сребата Фени-Стеауа закажана за во среда 10 февруари е одложена И тоа по барање на романците кои заради временските неприлики И снегот неможеле навреме да стигнат.Најверојатно ова средба ке се одигра на 2 март
|
Време
![]()
Од утре ќе настапи постепена промена на времето. Ќе преовладува променливо облачно со повремен локален дожд и ретка појава на грмежи, наместа ќе дува умерен северен ветер, особено утре и во среда. Температурата ќе биде во опаѓање, најпрвин во северните, а потоа и во останатите делови на земјава./
ТВ Огласник