| Жените пензионерки ќе го одбележат Свети Трифун |
|
|
|
| Понеделник, 08 Февруари 2010 17:14 |
|
|
Време
![]()
Од утре ќе настапи постепена промена на времето. Ќе преовладува променливо облачно со повремен локален дожд и ретка појава на грмежи, наместа ќе дува умерен северен ветер, особено утре и во среда. Температурата ќе биде во опаѓање, најпрвин во северните, а потоа и во останатите делови на земјава./
ТВ Огласник




Во активот на жени пензионерки при здружението на пензионери Кавадарци, течат последните подготовки околу организацијата за одбележување на празникот на лозарите Свети Трифун. Според планот за работа по кој своите активности ги реализира активот, годинава на Републичко ниво им беше дадена можност кавадаречките жени пензионерки да го слават Свети Трифун и на останатите пензионерки од Македонија им ги пренесат, обичаите верувањата и традиционалното закројување на првата винова лоза. Свети Трифун во организација на активот на жени пензионерки ќе се слави на 13-ти во сабота. Досега своето учество во манифестацијата и гостувањето во Кавадарци го имаат пријавено 90 % од активите на жени пензионерки од Републиката. Планирано е традиционално закројување на винова лоза со сите верувања и обичаи. По повод празникот на лозарите активот на жени пензионерки распишана и литературен конкурс на тема Вино, а од сите пријавени теми, најдобрите ќе ги избере жири комисија составена од членови , пензионери од Охрид, Прилеп и Кавадарци. Организирана е и богата културно уметничка програма, а според традицијата на активот се очекува и ново кумство кое ќе го донесе паричката од традиционално подготвената погача. Од активот на жени пензионерки при здружението на старосни и семејни пензионери Кавадарци велат дека за два дена завршуваат подготовките и се спремни заедно со пензионерките од Македонија во Кавадарци да го одбележат традиционалното закројување на винотата лоза.







