|
Спелеологијата во Македонија може да напредува и да ги привлекува туристите.Македонија има што да понуди. Можеме да бидеме горди со спелеолошки објекти за кои старнските туристи би платиле многу само за да ги погледнат. Но она што е потребно е стратегија, развоен план и подршка за работа. Ова е главниот заклучок кој викендот беше донесен во Мрежичко, на спелеолошкиот собир во организација на Спелеолошката Федерација на Македонија.Домаќин беше Планинарското спорстко друштво Орле, а во собирот учество покрај домаќинот, зедоа и спелеолошки друштва од Скопје, Штип и Прилеп. Во дводневно организираниот собир презентирани беа темите на кој во моментот работат друштвата, се одржа и редовниот состанок на претседателството на Спелеолошката федерација на Македонија, а реализирана беше и посета на Темната Пештера која е во непосредна близина на планинарскиот дом во село Мрежичко. Пред учесниците во собирот апелеолошкото друштво Урсус Спелеол го презентираше курсот за спасување во пештери, Пеони презентираа за спелеолошката експедиција со словачката екипа, за спелеонуркачката експедиција ВО Врело, презентираа од спелеолошкото друштво Врело, за формираниот македонски спелеолошки катастер зборуваа од Златоврв Прилеп, а брошурата и пештерите во Кавадарци, презентираа од Орле. На одржаниот состанок, спелеолошката федерација на Македонија ја усвои програмата за 2010 година, во која дедатлно се анализираа клубските и активностите на сојузот, се усвојуваше организациониот одбор за балканскиот спелео камп 2010, а усвоен беше и правилникот за катастар за спелеолошки објекти. Разгледана беше и пререгистрацијата на спелеолошките организации во клубовите, а формирани беа и комисии за обновување и одобрување на спелеолошки називи. Целта на спелеолошката федерација беше да се соберат спелеолозите од Македонија на едно место, да се продискутира за спелеологијата во светот, да се истакнат ативностите, да се утврдат недостатоците и проблемите и да се разгледа состојбата со спелеологијата во Македонија за да се скрои стратегија за нејзин развој и унапредување. Македонија има богата спелеологија. Објекти кој се од голема вредност и од непроценливо богатство. Освен што за истите засега грижа водат само спелеолошките друштва и планинарите, донесен беше и заклучок дека ќе мора да се сторат напори, ваквите објекти да се заштитат, да ја добијат подршката од властите и да се направи стратегија за локален нивни развој, а со тоа и можност за старт на спелео туризмот.
|