Home icon Home»ВЕСТИ»МАКЕДОНИЈА»Викендово во Велес се одржа регионалниот сообраќаен натпревар
Викендово во Велес се одржа регионалниот сообраќаен натпревар PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 08 Февруари 2010 17:16

soobrakaen_kviz_natprevarМинатата недела во Кавадарци во домот на културата Иван Мазов Климе се одржа традиционалниот сообраќаен квиз натпревар во организација на општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Кавадарци. Учество зедоа вкупно девет екипи составени од ученици од основните училишта од Кавадарци и подрачните основни училишта. Преку две полуфиналиња и едно финале општинскиот сообраќаен квиз ги доби трите најдобри екипи. За сите три следуваа вредни награди, а двете првопласирани односно прво и второ пласираната екипа добија зелено светло за учество во регионалниот сообраќаен квиз. Натпреварите по региони се случуваа викендот. Во Велес се натпреваруваа двете Кавадаречки екипи, екипата на О.У.Димката Ангелов Габерот и екипата на О.У.Тошо Велков Пепето. Прашањата од етапите низ кои минуваше натрпеварот за нашите екипи не претставуваа никаков проблем. Правилата на квиз натпреварот беа исти како во општинските натпревари. Во шесте групи со прашања од областа на сообраќајот екипата на О.У.Димката Ангелов Габерот Кавадарци, рамномерно се движеше во бодовната состојба со екипата на Велес. Неизвесноста траеше до самиот крај. Но се покажа дека кавадарчани се сообраќајно добро едуцирани па освоија поени исто колку и велешани и си обезбедија пласман за републичкиот натпревар кој ќе се одржува во Скопје, а на кој учество ќе земат сите првопласирани екипи од одржаните регионални квиз натпревари. Регионалното натпреварување на најдобрите викедот го следеа и менторите на учениците натпреварувачи, а нашите екипи ја имаа и подршката од претседателот и секретарот на општинскиот совет за безбедност. Она што сега во период од недела дена им преостанува на учениците од О.У.ДАГ Кавадарци е повторно под менторство на својот наставник по техничко образование добро да се подготват за Републичкиот натпревар и достоинствено да се борат повторно за врвот.

 

Време

 

oblacno-dozd_grmoteviciОд утре ќе настапи постепена промена на времето. Ќе преовладува променливо облачно со повремен локален дожд и ретка појава на грмежи, наместа ќе дува умерен северен ветер, особено утре и во среда. Температурата ќе биде во опаѓање, најпрвин во северните, а потоа и во останатите делови на земјава./

ТВ Огласник

oglasnik2

Покриеност

pokrienost

Гроздобер 2009

grozdober2009

ЛОЗАРИ ПРОТЕСТ

protest_lozari