| Кавадаречкиот совет ја одржа 15 -тата седница |
|
|
|
| Понеделник, 08 Февруари 2010 17:18 |
|
Советниците подршка едногласно дадоа и на програмата за одбележување на празникот на лозарите Свети Трифун. Имајќи ја во предвид симболиката на овој ден преку планираните актривности за одбележување на празникот, локална самоуправа Кавадарци во координирана активност со Домот на културата и Музеј галеријата ќе реализираат содржински настани со тематика пригодни за одбележување на Свети Трифун. На денешната седница помина и предлог програмата за изменување и дополнуцвање на програмата за изработка на урбанистички планови во општина Кавадарци за 2010 година. Планирана е изградба на детска градин ка бидејќи постоечките капацитети не ги задоволуваат потребите. Градоначалникот Александар Панов апелираше до граѓаните од МЗ Задругар кои имаат за продажба површина од 2 декари да се обратат во локална самоуправа за да им се откупи истата, а ќе биде наменета за изградба на нова детска градинка. На дневен ред се најде и авто такси превозот во Кавадарци. Советничката Маре Мартиновска побара прво да се реши проблемот со “дивите“ такси превозници во градот, а потоа да се размисулва за воведување на дополнителни давачки бидејќи револтот кај лиценцираните такисти бил огромен. Градоначалникот Панов одговори дека одлуката која е предмет на одлучување била сработена во согласност со легалните авто такси превозници и истата била плод на нивните желби. По што советот со 13 гласа за и 3 воздржани ја усвои одлуката за авто такси превоз на патници во општина Кавадарци. Програмата за работа на ЈП КОмуналец во 2010 година исто така беше на дневен ред на денешната седница. “Очекував санациона програма. Ова е чиста годишна прогрмаа. Ми изгледа како да е идентична со ланската“ забележа советникот Ташо Радњански и продолжи со анализирање на напишаното во програмата за работење на претпријатието во тековната година. Градоначалникот Панов осговори дека се чека ревизорскиот извештај по што ќе се изработи и санациона програма. Истото го подтврди и директорот на ЈП Комуналев Илија Атанасов кој најави дека се расчистува површина од 6.000 метри за нови гробни места и дека аплицирале проект до МЖСПП за асвалтирање на патот до градската депонија. Следеа и други дискусии поврзани со планирањата за работа на Комуналец. На 15 тата седница подршка доби и програмата за одржување на јавна чистота на подрачјето на општина Кавадарци за 2010 година, предлог одлуката за висината на цените за собирање и транспортирање на комунале отпад. Советот ја усвои и одлуката за давање на користење на ЈП Комуналец опрема за одржување на јавната чистота во градот. Се формира комисија која во наредниот период ќе ја изработи програмата за работа на советот, а се прифати и одлуката за изменување и доплнување на одлуката за извршување на општинскиот буџет. За продолжението на 15 тата седница кое дополнително ќе биде закажано меѓу точките за расправа остана информацијата за исплатата на грозјето и проблемите со инсталирањето на ХАСАП системот. Во овој контекс да напоменам дека во општина Кавадарци е ангажирано лице кое бесплатно ќе им помага на сите правни субјекти кои работат со храна и се задолжени да го имплементираат ХАСАП системот . Со ова општината ќе им помогне на тие правни субјекти да не се изложуваат на безпотребен трошок од 800 до 1000 евра за потполнување на документацијата за ХАСАП , пари кои досега им се земале на правните субјекти од неовластени консултанти. АНГЕЛ ДАНОВ |
Време
![]()
Од утре ќе настапи постепена промена на времето. Ќе преовладува променливо облачно со повремен локален дожд и ретка појава на грмежи, наместа ќе дува умерен северен ветер, особено утре и во среда. Температурата ќе биде во опаѓање, најпрвин во северните, а потоа и во останатите делови на земјава./
ТВ Огласник




Со 13 гласа “ЗА„ и 4 “воздржани“ денеска советниците во рамките на 15 тата седница го усвоија кварталниот извештај за извршување на буџетот на општина Кавадарци за 2009 година – четврт квартал за периодот од 1.10 до 31.12 2009 година. Како што е наведено извештајот кој беше на разгледување пред советниците остварувањето на вкупните приходи по сите основи за посочениот период е во износ од 441.172.927 денари во однос на планираните 496.742.595 или 88,81%. Се слушнаа повеќе советнички дискусии. Советникот Панчо Минов направи поопширна анализа а упати и неколку препораки кои исто така беа усвоени а се однесуваат за наредниот период при извршувањето на буџетот.







