Home icon Home»ВЕСТИ»ТИКВЕШИЈА»Во Кавадарци ќе се гради градски зелен пазар - Советот донесе одлука за поволен кредит
Во Кавадарци ќе се гради градски зелен пазар - Советот донесе одлука за поволен кредит PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 22 Февруари 2010 18:46
sovet_kavadarci_sednicaКавадаречкиот совет на денешната 16 та седница што се одржа попладнево со 10 гласа “За“ и 7 “воздржани“ даде зелено светло за долгорочно задолжување на општина Кавадарци со 115 милиони денари,   со цел обезбедување на средства за изградба на градски зелен пазар. Условите за задолжување се поволни и се дел од посебен инвестициски заем помеѓу Владата на РМ и Светска Банка. На усвојувањето на одлуката претходеа бројни дискусии.Градоначалникот Александар Панов ја образложи одлуката и притоа потенцира дека се работи за ретка голема инвестиција. “За ваков поволен кредит плаче секој стопанственик“ беше дециден Панов.
Одлуката за задолжување советниците во своите настапи ја окарактеризираа како историска. Советникот Бетиане Китев смета дека за одлуката треба да се продискутира и трезвено да се размисли дали е момент за реализација. Китев посочи дека не треба неговиот настап да се свати како опструкција, туку забелешки за законита одлука.  Забележа дека на одлуката и недостасува транспарентност иако нејзината нацрт-верзија беше помината на совет, а недостасува и јавна расправа по истата.
“Пред странските фондации и институции треба да изразиме едногласносст дека во име на граѓаните сакаме да го изградиме тој објект“ рече меѓу другото во својата дискусија советникот Панчо Минов и побара усвојување на заклучок дека одлуката за задолжување нема дополнително да ги оптерети граѓаните и правните субјекти со зголемени давачки.  Градоначалникот Панов беше дециден дека граѓаните нема да имаат зголемени давачки освен оние кај кои ќе се утврди поголем основ за данок на имот со акцијата за ажурирање на базата на податоци на даночните обврзници. Советникот Борис Давидов со став дека како совет треба да покажат храброст и да дозволат градот да се гради.
“Нема што да се мислиме. Оваа шанса за поволен заем не смееме да ја пропуштиме“ со став и советникот Ристо Сакалиев.
Претседателот на советот Илија Тренчев рече дека е воодушевен од идеата и е за подршка на како што рече ова историска одлука. Советуваше, да не им бидат на советниците во преден план суетите или политиката.
“Кој од вас во изборната програма не застапуваше изградба на нов градски пазар“? Запраша советникот Развигор Кабранов и образложи дека од предизборната кампања на која сите ветуваа изградба на градски пазар поголема јавна расправа и нема. “Јас со двете раце ќе гласам за оваа одлука“ беше дециден Кабранов.
По советничките дискусии орбразложение на условите за заем и што тоа ќе значи за буџетот на општина Кавадарци даде раководителот на секторот финансии Цанка Јованова.
“Износот на долгорочниот кредит кој се бара е во согласност со членот 20 од Законот за финансирање а единиците на локалната самоуправа и истиот изнесува не помалку од 30 % од остварените тековно оперативни приходи во основниот буџет на општина Кавадарци  за претходната фискална година. Тековно оперативните приходи  во Основниот буџет на општината за 2009 се во износ од 106.501.175 денари. Согласно ова одредба 30% изнесува 31.950.353 денари како максимален годишен ануитет согласно Законот. Користејќи ја законската одредба  и можностите кои ги нуди Законот со предложената одлука се предлага задолжувањето да биде во износ од 115 милиони денари со законски лимит на годишен ануитет во износ од 17.700.000 денари. АНГЕЛ ДАНОВ
 

Време

 

oblacno-dozd_grmoteviciОд утре ќе настапи постепена промена на времето. Ќе преовладува променливо облачно со повремен локален дожд и ретка појава на грмежи, наместа ќе дува умерен северен ветер, особено утре и во среда. Температурата ќе биде во опаѓање, најпрвин во северните, а потоа и во останатите делови на земјава./

ТВ Огласник

oglasnik2

Покриеност

pokrienost

Гроздобер 2009

grozdober2009

ЛОЗАРИ ПРОТЕСТ

protest_lozari